Според порталот „Трансфермаркт“, Меси и Нејмар се проценуваат на 180 милиони евра, додека репрезентацијата на Франција на 1,08 милијарда евра
Ако успехот би зависел исклучиво од парите, како што многумина сакаат да нагласат, тогаш според порталот „Трансфермаркт“, кој, пак, се занимава со пазарните вредности на фудбалерите и на екипите, Лионел Меси (Аргентина) и Нејмар (Бразил), се „највредните“ фудбалери, со цена од по 180 милиони евра. Третото место го делат Мухамед Салах (Египет), Кевин де Брујне (Белгија) и Хари Кејн (Англија), со по 150 милиони евра, секој посебно. Првото име на актуелниот европски првак, мадридски Реал, Кристијано Роналдо (Португалија), ја дели осмата позиција со 100 милиони евра.
Првите пет национални репрезентации (по 23 играчи), се следниве: Франција 1,08 милијарда евра (просек по 46,98 милиони евра), Шпанија 1,04 милијарда (45), Бразил 952 милиони (41,39), Германија 885 (38,48) и Англија 874 (38). На дното е дебитантот Панама со 9,13 милиони евра или 397.000 евра по фудбалер.
„Трансфермаркт“ го состави и идеално најскапиот тим, земајќи ги предвид позициите на кои играат фудбалерите. Тој состав вреди 1,15 милијарда евра и изгледа вака:
Де Геа (Шпанија) 70 милиона евра, Варан (Франција) 70, Карвахал (Шпанија) 60, Марсело (Бразил) 60, Хумелс (Германија) 60, Де Брујне (Белгија) 150, Погба (Франција) 90, Крос (Германија) 80, Нејмар (Бразил) 180, Меси (Аргентина) 180, Кејн (Англија) 150 милиони евра.