Ана­ли­ти­ча­ри­те го ко­ри­стат но­ви­от „фуд­бал­ски ја­зик“ на ФИФА, кој се под­го­тву­ва­ше по­ве­ќе од две го­ди­ни. Пре­ку не­го се обез­бе­ду­ва­ат по­да­то­ци за тре­не­ри­те и за игра­чи­те во све­тот, со усог­ла­су­ва­ње на тех­нич­ка­та екс­пер­ти­за за раз­ви­ва­ње на си­те ни­воа на игра­та. Ва­ква­та тех­но­ло­ги­ја и ана­ли­зи ќе се ко­ри­стат и на СП 2022 за по­до­бро раз­би­ра­ње на трен­до­ви­те во врв­ни­от фуд­бал, об­ја­ви ФИФА

ФУДБАЛ – ФИФА

Специјалисти на Светската фудбалска федерација (ФИФА) го анализираат секој играч во секоја секунда, на секој натпревар на Арапскиот куп 2021 година што се одржува во Катар, од 30 ноември до 18 декември. Тоа е револуционерен пристап што води до низа нови сознанија за перформансите во согласност со визијата на ФИФА за зголемување на глобалната конкурентност преку технологијата. Аналитичарите го користат новиот „фудбалски јазик“ на ФИФА, кој се подготвуваше повеќе од две години. Преку него се обезбедуваат податоци за тренерите и за играчите во светот, со усогласување на техничката експертиза за развивање на сите нивоа на играта. Ваквата технологија и анализи ќе се користат и на Светското првенство (СП) 2022 во Катар за подобро разбирање на трендовите во врвниот фудбал, објави ФИФА на својата интернет-страница.
На секој натпревар од Арапскиот куп, по еден член од тимот аналитичари (ги има вкупно 25), со седиште во Њупорт (Велс), е задолжен за еден играч, кого треба да го следи и да ги бележи неговите перформанси. Ова вклучува бележење на движењето на играчот, со и без топка, колку пати ги пробива одбранбените линии и каков пресинг врши врз противничките играчи кога ја имаат топката.

Оваа интензивна анализа значи дека од секој натпревар ќе се собираат над 15.000 податоци, кои на тимските аналитичари, тренери, играчи, медиуми и навивачи ќе им понудат нови сознанија што треба им помогнат подобро да ја разберат фудбалската игра и повеќе да уживаат во неа. Оваа работа ја одразува визијата на Арсен Венгер, шефот за глобален развој на ФИФА, чија намера е техничките набљудувања и аналитиката на фудбалските податоци да се користат заедно за да се подобри разбирањето на играта, како и да се збогати искуството на навивачите. ФИФА сака да им обезбеди на техничките директори, тренерите и на аналитичарите за перформанси најдобри сознанија и да им помогне да откриваат и да развиваат таленти на глобално ниво. Но за да го стори тоа, ФИФА сака најпрвин да го разбере „статус квото“ на фудбалот, на теренот и надвор од него.
– Фудбалскиот јазик на ФИФА е азбука на собирањето податоци, која треба да ни помогне да изведуваме заклучоци и подобро да разбереме што сѐ се случува на фудбалскиот терен – вели Венгер.
Заклучоците, активностите, препораките и сознанијата потоа ќе бидат дистрибуирани до техничките експерти преку различни програми или платформи, како што е новиот Тренинг-центар на ФИФА, онлајн фудбалската академија.
Тимот во Њупорт, предводен од Крис Локстон, водачот на групниот проект на тимот на ФИФА за анализа и увид на перформанси, е составен од 50 фудбалски аналитичари, инженери за податоци, научници за податоци и аналитичари на перформанси и е поддржан од тим на терен, во Доха.