Откако во средата, Скопје натпреварот против Силекс, го одигра на Градскиот стадион во Кичево, и наредниот првенствен натпревар против екипата на Академија Пандев, скопскиот фудбалски прволигаш ќе го одигра во овој град, но сега на стадионот на Влазерими.

Локацијата за одигрување на овој натпревар е поместена од причина што на Градскиот стадион во Кичево во истиот термин недела 16 часот, е зафатен со одигрување на други натпревари на локалните клубови. Со овој меч скопскиот прволигаш ќе ја одработи казната, одигрување два меча на стадион 100 километри подалеку од Скопје.

З.А.