Напаѓачот Дидие Дрогба, ги негираше информациите дека става крај на неговата кариера.
Четириесет-годишниот поранешен ас на Челзи игра во последниве години за Феникс, кој во вчера загуби со 0:1 во финалето на УСЛ против Луисвил.
Според разни публикации, ова беше последниот натпревар на Дрогба, но тој не се согласува со тоа.
Тој постави видео на Твитер со сцена од филмот „Волкот од Вол стрит“ со учество на Леонардо Ди Каприо. Во предметната сцена, ликот на Ди Каприо им објавува на своите вработени дека не ја напушта компанијата.
Retirement??♂️??? pic.twitter.com/tMVfsh0SFQ
— Didier Drogba (@didierdrogba) 9 November 2018