И на ЕП 2020 ќе играат 24 селекции, но во составите на репрезентациите ќе има најмногу фудбалери досега, по 26, меѓу нив и цел еден тим со играчи со 100 и повеќе натпревари за репрезентациите

ЕП 2020 НИЗ БРОЈКИ

Европското првенство (ЕП) што почнува в петок е 16-то континентално првенство од инаугуративниот прв настан што се одржа 1960 година во Франција и прво што ќе се игра во 11 земји. Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница објави повеќе податоци низ бројки пред претстојниот шампионат, почнувајќи од основното, дека по три титули европски шампион освоија Германија (на првенствата во 1972, 1980 и во 1996 година) и Шпанија (во 1964, 2008 и во 2012 година). Досега 10 репрезентации победиле на ЕП.
Вкупно 11 земји се домаќини за годинашниот континентален турнир. Севилја во последен момент беше додадена како град за играње на натпреварите во Шпанија откако Билбао се повлече поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот, заедно со Даблин (Република Ирска), кој требаше да биде 12-от град домаќин на ЕП 2020. Стадионот „Вембли“ во Лондон ќе биде домаќин на најмногу натпревари, осум, вклучувајќи ги полуфиналињата и финалето. Санкт Петербург ќе биде домаќин на седум меча, од кои два се преземени од Даблин.
Просечната исполнетост на капацитетот на стадионите поради ограничувањата со ковид-19 ќе биде 25 отсто. Во Баку, Копенхаген и во Санкт Петербург ќе има повеќе гледачи, околу 45 проценти од капацитетот на стадионите. „Вембли“ се надева дека ќе им се придружи во последната фаза од шампионатот. Будимпешта планира полна арена „Ференц Пушкаш“, со 61.000 гледачи.
Вкупно 24 репрезентации ќе играат на завршниот турнир, вторпат по проширувањето од 16 селекции на минатото ЕП 2016 во Франција. Во составите на репрезентациите за ова ЕП ќе има најмногу фудбалери досега, по 26. УЕФА ги објави фудбалерите што имаат 100 или повеќе натпревари за своите репрезентации, вкупно 25, меѓу нив и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, со 119. Во таа категорија меѓу фудбалерите што се во селекциите за ЕП 2020 води Кристијано Роналдо со 174 меча за Португалија.
Со деветте постигнати гола на едно европско првенство, тоа во 1984 година, Французинот Мишел Платини е рекордер. Португалецот Кристијано Роналдо е единствениот играч, покрај Платини, со девет погодоци, но на четири шампионати. Рекордер според бројот на натпревари на ЕП како селектор е германскиот селектор Јоаким Лев, кој ќе се повлече од функцијата по годинашниот турнир.

Европското првенство (ЕП) што почнува в петок е 16-то континентално првенство од инаугуративниот прв настан што се одржа 1960 година во Франција и прво што ќе се игра во 11 земји. Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница објави повеќе податоци низ бројки пред претстојниот шампионат, почнувајќи од основното, дека по три титули европски шампион освоија Германија (на првенствата во 1972, 1980 и во 1996 година) и Шпанија (во 1964, 2008 и во 2012 година). Досега 10 репрезентации победиле на ЕП.
Вкупно 11 земји се домаќини за годинашниот континентален турнир. Севилја во последен момент беше додадена како град за играње на натпреварите во Шпанија откако Билбао се повлече поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот, заедно со Даблин (Република Ирска), кој требаше да биде 12-от град домаќин на ЕП 2020. Стадионот „Вембли“ во Лондон ќе биде домаќин на најмногу натпревари, осум, вклучувајќи ги полуфиналињата и финалето. Санкт Петербург ќе биде домаќин на седум меча, од кои два се преземени од Даблин.
Просечната исполнетост на капацитетот на стадионите поради ограничувањата со ковид-19 ќе биде 25 отсто. Во Баку, Копенхаген и во Санкт Петербург ќе има повеќе гледачи, околу 45 проценти од капацитетот на стадионите. „Вембли“ се надева дека ќе им се придружи во последната фаза од шампионатот. Будимпешта планира полна арена „Ференц Пушкаш“, со 61.000 гледачи.
Вкупно 24 репрезентации ќе играат на завршниот турнир, вторпат по проширувањето од 16 селекции на минатото ЕП 2016 во Франција. Во составите на репрезентациите за ова ЕП ќе има најмногу фудбалери досега, по 26. УЕФА ги објави фудбалерите што имаат 100 или повеќе натпревари за своите репрезентации, вкупно 25, меѓу нив и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, со 119. Во таа категорија меѓу фудбалерите што се во селекциите за ЕП 2020 води Кристијано Роналдо со 174 меча за Португалија.
Со деветте постигнати гола на едно европско првенство, тоа во 1984 година, Французинот Мишел Платини е рекордер. Португалецот Кристијано Роналдо е единствениот играч, покрај Платини, со девет погодоци, но на четири шампионати. Рекордер според бројот на натпревари на ЕП како селектор е германскиот селектор Јоаким Лев, кој ќе се повлече од функцијата по годинашниот турнир.               Л.Д.