Челси продолжува со одличните резултати по големата верба на Френк Лампард во младите фудбалери, иако еден повозрасен играч, Маркос Алонсо, се покажа како решавачки, со голот за победата над Њукасл во саботата во меч од англиската Премиер-лига. Сезонава беше означена како транзициска, пред која Челси немаше можност за трансфери. Младите играчи како Калум Хадсон-Одои (18), Мејсон Маунт (20), Тами Абрахам (22), Фикајо Томори (21), Кристијан Пулишиќ (21) растат заедно, покажуваат голем потенцијал и стануваат носители на играта. Од нив, Абрахам е на делба на првото место на листата на стрелците во Премиер-лигата заедно со Серхио Агуеро од Манчестер сити, со по осум гола, Маунт постигна четири погодока итн.
Челси по девет кола е на 4-то место во Англија, со 17 бода, два бода помалку од шампионот Манчестер сити (со 25 бода води Ливерпул). Во Лигата на шампионите, пак, Челси по две кола во групата Х е во игра за пласман во осминафиналето, по поразот дома од Валенсија со 0-1 (по промашен пенал пред крајот на средбата) и победата на гости кај Лил со 2-1 (следува дуелот со Ајакс на гости).