Извршниот комитет на УЕФА на седницата одржана денеска во Нион одлучи системот за надзор на судиските одлуки(ВАР) во Лигата на шампионите да почне да се користи од сезоната 2019/20 година, а ВАР ќе им биде на располагање и на судиите за време на Европското првенство во 2020 година.
Воведувањето на ВАР во Европа лигата се планира за сезоната 2020/21.
ВАР во натпреварите организирани од УЕФА првпат ќе биде користен во август следната година во мечевите од последното претколо на Лигата на шампионите како и во двобојот на европскиот Суперкуп.
– Уверени сме дека одлуката за воведување на ВАР од август следната година ќе ни даде доволно време да го поставиме овој гломазен систем во употреба и дека ќе можеме за определено време да ги истренираме судиите за успешна имплементација на ВАР во Лигата на шампионите – изјави претседателот на УЕФА Александар Чеферин.