Голман Џанлуиџи Буфон, кој летово го напушти Јувентус за да го облече дресот на Париз Сен Жермен, вели дека би можел да игра уште 10 години.
– Во последните неколку години дознав дека би било погрешно да си поставувам граници. На 32 години мислев дека ќе застанам на 35. Потоа, некои околности ме натераа да продолжам. Пред извесно време реков: „38 години се доволни“. Но, на 38 години мислев дека ќе застанам на 40 години. Денес, сè уште сум тука. Можам да запрам за шест месеци, една година или 10 години, изјави Џиџи.
Тој додаде дека секој треба да знае како да ги прифати различните фази од својот живот.
– Знам дека ова време ќе дојде, но тоа нема да биде изненадување за мене. Исто така знам дека тогаш ќе биде поинаку, заклучи Италијанецот.