Голманот Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон ги сподели своите емоции по дебито во шампионатот на Франција. Парижаните во првата рунда го победија Каен со резултат 3:0.
– Многу добар почеток – напиша Буфон на Твитер.
За Буфон ова беше втор официјален натпревар за ПСЖ. На првиот натпревар, во рамките на Супер купот против Монако, легендарниот италијански голман, исто така успеа да ја зачува мрежата (4:0).