Повеќе од една петтина од странските фудбалери потекнуваат од три земји, и тоа од Бразил (1.287), Франција (946) и од Аргентина (780), пишува ЦИЕС

АНАЛИЗА НА ЦИЕС

Меѓународната мобилност на фудбалерите постојано се зголемува со текот на годините, пишува фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) на својата интернет-страница. И покрај пандемијата, вкупниот број на странски фудбалери во 138 лиги од 2017 година се зголемил за 639 во текот на минатата година (од 13.025 на 13.664).
Странските фудбалери претставуваат околу една петтина од вкупниот број активни играчи во анализираните лиги. Според ЦИЕС, овој процент е над една четвртина за земјите-членки на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Повеќе од една петтина од странските фудбалери потекнуваат од три земји, и тоа од Бразил (1.287), Франција (946) и од Аргентина (780), пишува ЦИЕС.
Во споредба со 2020 година, благо опадна бројот на фудбалери од Бразил (14 помалку) и од Аргентина (13 помалку), а бројот на фудбалери од Франција се зголеми (124 повеќе). Англија и Италија се издвојуваат како главни увозници на фудбалери, откако професионалните клубови во овие земји вработуваат 771, односно 695 странски фудбалери, пишува ЦИЕС.