Поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини, кој беше уапсен вчера во Нантери, Франција е ослободен, објави „АФП“.
– Платини е ослободен од притвор. Се крена голема врева без потреба. Јас и мојот штитеник сме мирни и сигурни во крајниот резултат на истрагата – изјави адвокатот Вилијам Бурдон.
Тој додаде дека Платини бил уапсен за инволвираните лица да не можат да се договорат.
Платини, наводно, дал изјава за изборот на местото на одржување на Европското фудбалско првенство 2016 година. Таа година првенството се одржа во Франција.
Во 2016 година, поранешниот фудбалски официјален претставник добил суспензија да се занимава со работи околу фудбалот, бидејќи било установено дека примил мито од тогашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер во износ од два милиони швајцарски франци.