Енис Барди е најдобар македонски фудбалер во странство

Интернационалецот од шпански Леванте, Енис Барди, вторпат едноподруго е прогласен за најдобар македонски фудбалер во странство, додека Бесарт Ибраими од Шкендија ја доби наградата за најдобар играч во домашна конкуренција, во вечерашниот избор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Актуелниот освојувач на двојната круна, тетовска Шкендија, освои вкупно седум награди, од кои две беа на Бесарт Ибраими, кој се закити и со признанието за најдобар стрелец, во изборот на најдобрите во македонскиот фудбал за годинава.

Капитенот на националната селекција Горан Пандев доби посебно признание за развој на македонскиот фудбал.


Најдобрите во изборот на ФФМ

Најдобар фудбалер во странство: Енис Барди (Леванте/Шпанија)
Најдобар фудбалер во Македонија: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Посебно признание за развој на македонскиот фудбал: Горан Пандев (Џенова/Италија)
Тренер на годината: Ќатип Османи (Шкендија)
Ферплеј екипа на годината: (Шкендија)
Најдобар судија: Марјан Маркоски
Признание за развој на женскиот фудбал: Славе Велков
Признание за најперспективна фудбалерка: Јана Чубриноска
Најдобар фудбалски работник: Кирил Гогов (Кит Го)
Најдобар тренер во футсал: Марјан Стефановски (КМФ Велес)
Најдобар футсал играч: Дарко Ранготов (КМФ Велес)
Најдобар тренер во младински фудбал: Беким Османи (Шкендија)
Најдобар клуб во младински фудбал: (Шкендија)
Најдобар млад фудбалер: Енис Фазлагиќ (Шкендија/Жилина)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Јахја Абдулхади (Вардар)
Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (Драгон)
Најдобра фудбалерка: Александра Ристовска (Тиверија)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Улса Максути (Ас Јунајтед)