Германскиот шампион Баерн Минхен можеби ќе го продаде својот најдобар стрелец Роберт Левандоски, кој објави желба да си замине.
Клубот кој ќе сака да го ангажира полскиот репрезентативец ќе треба да плати 200 милиони евра, објавија германските медиуми.
Шефовите на Баварскиот тим разговарале со агентот на Полјакот, Пини Захави и го информирале за нивната одлука.
Левандовски веќе долго време е поврзуван со Реал Мадрид, а ПСЖ и Челзи исто така се заинтересирани за неговите услуги.