Претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес нема да го продаде напаѓачот Роберт Левандовски, кој се обидува да договори трансфер.
Многу информации се откриени во последниве денови, според кои англиски Челзи и француски ПСЖ, се подготвени со понуда, со која би можеле да ги стават во искушение шефовите на баварскиот гигант.
Левандовски долго време се смета за трансфер цел на Реал Мадрид, но, пред неколку дена „белите“ конечно се дистанцираа од него, бидејќи не сака да создава тензија со Баерн.
– Ние ќе му докажеме на фудбалскиот свет дека клубот е силен – рече Хенес за магазинот „Кикер“, што од многумина беше протолкувано оти тој сака да истакне дека Баерн не е клуб кој ги продава своите најдобри играчи.
Според весникот „Телеграф“, Челзи планира да плати вкупно 114 милиони евра за Роберт, чиј договор истекува летото 2021 година. Многу експерти веруваат дека баварците се подготвени да го продадат полскиот напаѓач за трицифрена сума бидејќи присуството на Лева ја уништува атмосферата во соблекувалната.
Пред неколку дена, извршниот директор на Минхен, Карл-Хајнц Румениге, увери дека стрелецот ќе остане во Минхен и следната сезона.