Арсенал го совлада ПСЖ со 5:1 во пријателски натпревар во Сингапур, која е дел од Интернационалниот куп на шампионите. Французите се потпираа главно на тинејџери и резултатот ја одразува разликата во класата.
Од првата минута за „топџиите“ започна Месут Озил, кој дури ја доби и капитенската лента, што очигледно е дел од стратегијата на Унаи Емери да го извлече од психолошката криза поради скандалите околу неговото откажување од репрезентацијата на Германија. Тој го постигна првиот гол во 13-тата минута и го напушти теренот по еден час игра.
Александар Лаказет (67′, 71′), Роб Холдинг (88′) и Еди Нкетиа (90′) ги реализираа другите погодоци за Арсенал, а Кристофер Нкунку израмни од пенал во 60-тата минута.