Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти го прокоментира претстојниот судир со ПСЖ од групната фаза на Лигата на шампионите.
Во моментов „небесно-сините“ го заземаат второто место во групата „Ц“ со предност од 5 поени. Парижаните се трети со 1 поен помалку.
Утре фудбалерите на Анчелоти ќе го пречекаат ривалот на „Сан Паоло“ во 21 часот, а при позитивен резултат речиси сигурно ќе си обезбедат пласман во следната фаза.
– Во првиот натпревар, ривалот користеше два различни модели на игра. Сега не знам како ќе игра ПСЖ против нас. Тие остануваат сериозен тим кој е многу тешко да се надмине. Нивниот тим во моментов е непредвидлив. Имаме голема почит кон силните тимови. Тоа што се справивме добро во првиот натпревар ни дава поголема доверба, но натпреварот ќе биде тежок – изјави Анчелоти.
Во однос на Џиџи Буфон, тој изјави дека ќе му биде задоволство повторно да го види.
– Имам голема почит кон него. Тој е одличен професионалец и одличен пријател – вели Карло.