Сер Алекс Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед, но овој пат како советник на Солскјер, кој по отказот на Мурињо беше именуван за привремен тренер што ќе го води клубот до крајот на сезоната, пишува британски „Сан“.
Како што пишува весникот, Фергусон и Солскјер ќе имаат постојан контакт со цел тимот да почне да го користи сиот свој потенцијал и оваа сезона да заврши во топ четири на табелата.
Фергусон е најзаслужен и за враќањето на Мајк Фелан на позицијата асистент, тој го убедил човекот со кој три пати ја освојуваше Премиерлигата да се врати и да биде во стручниот штаб на Солскјер.
Можно е уште едно големо враќање, Питер Шмајхел размислува да стане фудбалски директор во Манчестер јунајтед.