Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе остане на клупата во претстојниот натпревар од Серија „А“ против Аталанта утре.
Португалецот не пропуштил меч од почетокот на сезоната, а тренерот Масимилиано Алегри смета дека е време да се одмори.
– Кристијано Роналдо ќе остане на клупата утре. Сакам еден до друг да го следиме мечот на клупата. Многу сум задоволен од неговата игра и целиот тим. Важно е Роналдо да биде свеж и во најдобра форма за решавачките натпревари во Лигата на шампионите на пролет, Јувентус стана уште посилен со Роналдо во тимот – рече Алегри на прес-конференција пред натпреварот со Аталанта.
Роналдо има 22 натпревари за Јувентус на сите турнири оваа сезона со 12 гола и седум асистенции.