Фото: ЕПА

По два дена пауза, од утре до вторник се дуелите на 16-те најдобри репрезентации на ЕП 2024

ФУДБАЛ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

Европскиот првак Италија, континенталниот вицепрвак Англија, светскиот вицешампион Франција, победникот на Лигата на нации, Шпанија, домаќинот Германија, дебитантот Грузија, Словенија, која првпат влезе меѓу 16-те најдобри, се меѓу учесниците во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во фудбал. По два дена пауза, утре продолжуваат возбудувањата на ЕП 2024, а до вторник на програмата се и неколку дерби-дуели и репризи од некои претходни натпреварувања, како на пример Франција – Белгија (се сретнаа во полуфиналето на Светското првенство во 2018 година и во полуфиналето на Лигата на нации во 2021 година, а во тоа натпреварување ќе играат меѓу себе и есенва), Германија – Данска (финалисти на ЕП 1992)…
Репрезентацијата на Грузија првпат игра на ЕП и првпат ќе настапи во нокаут-фазата, а на годинашниот шампионат првпат пласман во осминафинале оствари и селекцијата на Словенија. Откако европските првенства се играат со групна фаза (од ЕП во 1980 година), најголем успех од дебитантите остварија репрезентациите на Португалија во 1984 година, на Шведска во 1992-та и на Велс во 2016 година, сите со пласман во полуфиналето.
На едната страна на ждрепката се Германија, Данска, Шпанија, Грузија, Франција, Белгија, Португалија и Словенија и една селекција од нив ќе се пласира во финалето. На другата страна се Швајцарија, Италија, Англија, Словачка, Романија, Холандија, Австрија и Турција и една репрезентација од нив ќе игра во натпреварот за европската титула. Многу од годинашните осминафиналисти освојувале златни, сребрени или бронзени медали на меѓународната сцена, како што се светски првенства, европски шампионати и Лигата на нации.
Осминафиналето почнува со дуелот Швајцарија – Италија, утре, од 18 часот, а потоа е средбата Германија – Данска, од 21 ч. В недела се средбите Англија – Словачка и Шпанија – Грузија, в понеделник играат Франција – Белгија и Португалија – Словенија, а во вторник на програмата се натпреварите Романија – Холандија и Австрија – Турција.
Ефикасноста на репрезентациите по групната фаза е 2,25 гола по меч. Ова е трето ЕП на кое играат 24 репрезентации. На целиот континентален турнир во 2021 година просекот беше 2,78 погодока по натпревар, а во 2016 година 2,12. Прв стрелец досега е Гиорги Микаутадзе од Грузија со три гола, а по два постигнаа Никлас Филкруг од Германија, Џамал Мусиала од Германија, Коди Гапко од Холандија, Разван Марин од Романија и Иван Шранц од Словачка. Според податоците, досега на 36-те меча во групната фаза на ЕП 2024 на стадионите имало во просек по 51,610 гледачи, што е третпат просекот на ЕП да е поголем од 50.000 гледачи. Н.М.


ФУДБАЛ – ЕП 2024
Меѓу 16-те најдобри има селекции од сите четири барабани

Сите шест фудбалски репрезентации од првиот барабан пред ждрепката се пласираа во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), и тоа домаќинот Германија, потоа Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија. Од вториот барабан, меѓу 16-те најдобри селекции се Турција, Романија, Данска и Австрија, а по три има од третиот и од четвртиот барабан, и тоа Холандија, Словенија и Словачка, односно Италија, Швајцарија и Грузија.
Вкупно 11 репрезентации и годинава и на фудбалското Европско првенство (ЕП) одиграно во 2021 година се пласираа во осминафиналето, а тоа се Белгија, Португалија, Италија, Австрија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Англија, Германија, Холандија и Данска. Во однос на претходниот континентален шампионат сега меѓу 16-те најдобри селекции се Грузија, Романија, Словачка, Словенија и Турција. Н.М.


ЕП 2024

Група А
Германија 3 2 1 0 8-2 7
Швајцарија 3 1 2 0 5-3 5
Унгарија 3 1 0 2 2-5 3
Шкотска 3 0 1 2 2-7 1

Група Б
ТАБЕЛА
Шпанија 3 3 0 0 5-0 9
Италија 3 1 1 1 3-3 4
Хрватска 3 0 2 1 3-6 2
Албанија 3 0 1 2 3-5 1

Група Ц
ТАБЕЛА
Англија 3 1 2 0 2-1 5
Данска 3 0 3 0 2-2 3
Словенија 3 0 3 0 2-2 3
Србија 3 0 2 1 1-2 2

Група Д
ТАБЕЛА
Австрија 3 2 0 1 6-4 6
Франција 3 1 2 0 2-1 5
Холандија 3 1 1 1 4-4 4
Полска 3 0 1 2 3-6 1

Група Е
Словачка – Романија 1-1
Украина – Белгија 0-0
ТАБЕЛА
Романија 3 1 1 1 4-3 4
Белгија 3 1 1 1 2-1 4
Словачка 3 1 1 1 3-3 4
Украина 3 1 1 1 2-4 4

Група Ф
Грузија – Португалија 2-0
Чешка – Турција 1-2
ТАБЕЛА
Португалија 3 2 0 1 5-3 6
Турција 3 2 0 1 5-5 6
Грузија 3 1 1 1 4-4 4
Чешка 3 0 1 2 3-5 1


ОСМИНАФИНАЛЕ

1. Швајцарија – Италија утре, 18 ч.
2. Германија – Данска утре, 21 ч.
3. Англија – Словачка недела, 18 ч.
4. Шпанија – Грузија недела, 21 ч.
5. Франција – Белгија понеделник, 18 ч.
6. Португалија – Словенија понед. 21 ч.
7. Романија – Холандија вторник, 18 ч.
8. Австрија – Турција вторник, 21 ч.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
А. Победник 4 – победник 2 5 јули
Б. Победник 6 – победник 5 5 јули
В. Победник 7 – победник 8 6 јули
Г. Победник 3 – победник 1 6 јули
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник А – победник Б 9 јули
Победник В – победник Г 10 јули