Најдобар млад фудбалер е Џуд Белингем
ФУДБАЛ
Реал Мадрид ги собра и индивидуалните награди по освојувањето на годинашнава Лига на шампионите. УЕФА ги прогласи најдобрите индивидуалци. Така, за најдобар играч сезонава во Лигата на шампионите е избран напаѓачот на шампионскиот тим на Реал Мадрид, Винициус Жуниор. Бразилецот сезонава даде шест гола, а имаше и пет асистенции.
– Многу сум среќен што успеав да освојувам уште една Лига на шампионите со сегашниот клуб. Ова е неверојатно, оти не може секој да го почувствува ова и да го освои повеќепати – задоволно изјави Винициус.
Во дебитантската сезона за кралскиот клуб, одличен беше и младиот Англичанец Џуд Белингем. Тој беше избран за најдобар млад фудбалер во ЛШ, постигнувајќи четири гола, а имаше и пет со асистенции на натпреварите. Како што е познато, последниот триумф во ЛШ на шпанскиот клуб против бундеслигашот Борусија Дортмунд претставуваше и петнаесетти трофеј во ова натпреварување од вкупно 18 финалиња на мадриѓаните. Г.И.