СП 2025 ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 20 ГОДИНИ
Аргентина – Колумбија е првата полуфинална двојка на Светското првенство (СП) за фудбалери до 20 години што се игра во Чиле, а втората требаше да биде комплетирана со одигрувањето на уште две четвртфинални средби, САД – Мароко и Норвешка – Франција. Со тоа во полуфиналето на СП 2025 ќе има селекции од три континенти, третпат во низа на планетарните шампионати. Колумбија за пласман меѓу четирите најдобри селекции ја совлада Шпанија со 3-2, а Аргентина славеше на дуелот со Мексико со 2-0. Од репрезентациите што беа во игра за титулата пред вчерашните средби Аргентина има шест титули светски првак, а Франција една. Н.М.