ФУДБАЛ
Најмногу учесници на ЕП 2024 има од групите А, Ц и Е
Групите А, Ц и Е од квалификациите за пласман на фудбалското Европско првенство (ЕП) годинава во Германија ќе имаат најмногу претставници на континенталниот шампионат, по три. Така, од групата А на ЕП 2024 ќе играат репрезентациите на Шпанија, Шкотска и на Грузија (во таа група беа и Норвешка и Кипар), од групата Ц ќе настапат Англија, Италија и Украина (Македонија, Малта), а од групата Е ќе се натпреваруваат Албанија, Чешка и Полска (Молдавија, Фарски Острови). Н.М.
ФУДБАЛ
Шест селекции тргнаа кон годинашното Европско првенство без загубен бод
Репрезентациите на Италија, Германија, Австрија, Унгарија и на Чешка имаа максимален ефект,, по две победи, меѓу 24-те учесници на годинашното фудбалско Европско првенство (ЕП) во Германија, во пријателските дуели одиграни во минатите седум дена. Две победи забележа и селекцијата на Украина, во двата плејоф-меча за пласман на континенталното првенство. Од другите репрезентации, без пораз (со по една победа и реми во регуларен дел од натпреварите) се Словенија, Хрватска, Данска и Швајцарија (Хрватска на една средба ремизира, а подоцна победи на пенали), како и Полска и Грузија во баражот.
Пријателските натпревари пред почетокот на годинашното Европско првенство продолжуваат во мај и во јуни, а некои од двојките се Хрватска – Македонија, Чешка – Македонија, Германија, – Украина, Холандија – Канада, Англија – БиХ, Италија – Турција, Шпанија – Андора, Австрија – Србија, Данска – Шведска, Република Ирска – Унгарија… Н.М.
ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026, АЗИЈА
Шест селекции се пласираа во третата фаза
Австралија, Иран, Ирак, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Узбекистан се пласираа во третата рунда од квалификациите во Азија за пласман на Светското првенство во 2026 година, на две кола до крајот на втората фаза, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА). Во моментов се играат натпревари од вториот круг, со учество на 36 репрезентации, поделени во девет групи. Најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат во третата фаза, во која ќе има три групи, со по шест селекции, а на СП 2026 ќе се пласираат најдобрите две репрезентации од тие три групи. Третопласираните ќе играат во плејофот. Н.М.