Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ
Англиски осмолигаш одложи меч поради повикани репрезентативци

Клуб од осмото ниво на англискиот фудбал беше принуден да одложи првенствен меч поради голем број повикани репрезентативци, пишува британски „Индепендент“. Ленсинг, со седиште во Западен Сасекс, требаше да има кратко патување за мечот со Три моста. Но играчот од средниот ред Нори Скот и напаѓачот Лук Робинсон се повикани во репрезентацијата на Бермудите и ќе играат против селекцијата на Доминика во Лигата на нации во Северна Америка, пишува „Индепендент“. Згора, членовите на тимот Чарли Гибсон и Сем Бул ќе играат фудбал „шест на шест“ за Англија на Светскиот куп на Светската мини-фудбалска федерација за играчи до 23 години, во Хрватска.
– Да имаме еден повикан фудбалер (Скот, во минатата година) беше нешто што го прославивме, но да имаме четири во иста недела е нечуено – изјави за „Би-би-си“ претседателот на Ленсинг, Бери Сатон, пренесе „Индепендент“.
Ленсинг е на 20-то место во лигата, со четири бода од своите први осум меча сезонава. Клубот, основан во 1941 година, игра на своето највисоко ниво во историјата. Скот пристигна од Хестингс лани, а пред почетокот на сезонава му се придружи и Робинсон, поранешен младински играч на Брајтон.
– Тоа што имаме репрезентативци е нешто на што сме многу горди. Имаме знаме на Бермуди, кое го закачуваме зад еден од головите на секој домашен натпревар – вели Сатон. Н.М.


АТЛЕТИКА
Објавени номинациите за најдобрите во 2024 година

Светската атлетика (СА) ја потврди листата од по пет номинирани атлетичари на годината во машка и во женска конкуренција, сите олимписки прваци. Тие беа избрани од меѓународна комисија од атлетски експерти, вклучувајќи претставници од сите шест континентални области на СА. Номинациите одразуваат некои од извонредните перформанси постигнати на Летните олимписки игри, Светското првенство во сала, еднодневните натпревари, како и други спортски настани низ светот. Гласањето на социјалните мрежи на СА трае до 20 октомври.
Номинирани за најдобра атлетичарка за 2024 година: Валари Алман (САД, фрлање диск), Тара Дејвис (САД, скок во далечина), Нина Кенеди (Австралија, скок со стап), Јарослава Махучик (Украина, скок во височина), Нафисату Тиам (Белгија, седмобој). Номинирани за најдобар атлетичар за годинава: Рајан Краузер (САД, ѓуле), Хордан Алехандро Фортун (Шпанија, трискок), Арманд Дуплантис (Шведска, скок со стап), Итан Кетсберг (Канада, фрлање кладиво), Митијадис Тентоглу (Грција, скок во далечина). Г.И.