Момент од мечот Брага - Клуж / Фото: ЕПА

Првите натпревари се закажани на 21 август, а реваншите една недела подоцна

ФУДБАЛ – ПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФОТ ВО ЛЕ

Познати се сите двојки за плејофот во Лигата за Европа (ЛЕ). Вкупно 11 реванш-дуели од третото коло од квалификациите за Лигата на Европа (ЛЕ) беа одиграни во четвртокот. Само во вторникот Риека успеа да го надомести дефицитот од првиот меч и да го елиминира тимот на Шелбурн. Во четвртокот, КуПС (Финска), Митјиланд (Данска), Бран (Норвешка), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ПАОК (Грција), Зрињски (БиХ), ФЦСБ (Романија), Макаби Т.А. (Израел), Утрехт (Холандија), Брага (Португалија), АЕК Ларнака (Кипар) и Панатинаикос (Грција) се квалификуваа за плејофот.
Пенали го решија натпреварот меѓу Шахтјор и Панатинаикос, оти во двата меча не беа видени голови. На крајот, грчкиот тим имаше повеќе среќа. Пласман во плејофот за ЛЕ претходно обезбедија, со елиминација од Лигата на шампионите (ЛШ), македонскиот претставник Шкендија, Динамо Киев, Лудогорец, Слован Братислава, Малме и Лех Познањ. Исто така и третопласирани екипи од националните лиги: Генк, Јанг Бојс, Самсунспор, како и освојувачите на националниот куп Абердин и Сигма.
Сите двојки за плејофот во ЛЕ: Макаби Т.А. (Израел) – Динамо Киев (Украина), Шкендија (Македонија) – Лудогорец (Бугарија), Слован Братислава (Словачка) – Јанг Бојс (Швајцарија), Малме (Шведска) – Сигма Оломоуц (Чешка), Панатинаикос (Грција) – Самсунспор (Турција), Абердин (Шкотска) – ФЦСБ (Романија), Лех Познањ (Полска) – Генк (Белгија), Митјиланд (Данска) – КУПС (Финска), Линколн Ред Импс (Гибралтар) – Брага (Португалија), Зрињски (БиХ) – Утрехт (Холандија), Бран (Норвешка) – АЕК Ларнака (Кипар), Риека (Хрватска) – ПАОК (Грција). Првите натпревари се на 21 август, а реваншите една недела подоцна. Г.И.