Фото: „Нова Македонија“

СПОРЕД ИЗВЕШТАЈ НА УЕФА

Повеќе луѓе посетуваат фудбалски натпревари во Шкотска од која било друга земја во Европа во споредба со вкупното население, според извештајот на Европската фудбалска унија (УЕФА), пишува „Би-би-си“. Во просек нешто повеќе од 18 луѓе од секои 1.000 жители присуствувале на натпреварите од шкотската Премиер-лига во минатата сезона, а на оваа листа потоа следува португалската Примеира-лига со нешто повеќе од 10 луѓе на 1.000 жители. Холандската Ередивизија и англиската Премиер-лига се на третото, односно на четвртото место на рангирањето во извештајот на УЕФА, во кој, исто така, пишува дека речиси 3,8 милиони гледачи присуствувале на натпреварите на најсилната фудбалска лига во Шкотска во минатата сезона, што е осма највисока бројка во Европа, со просечна посетеност од 16.500, седма највисока на континентот, пишува „Би-би-си“.