Фото: „Нова Македонија“

Според начинот на кој функционира Лигата на шампионите, пласманот на табелата дава специфичен пат и конкретни противници во ждрепката во нокаут-фазата. Првпат во историјата двојките во нокаут-рундите се решаваат според пласманот во лигашката фаза, без посебна ждрепка за осминафиналето, четврт-финалето и понатаму, пишува „Скај спорт“

ФУДБАЛ

Новиот систем на натпревари во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) донесе возбудливи мечеви, а по шест кола, само Ливерпул победи на секоја средба и е со само еден примен гол. Англискиот тим е на еден бод до обезбеден настап во осминафиналето, каде што директно ќе се пласираат првите осум тима по осум одиграни кола. Другите осум учесници во осминафиналето ќе се добијат по плејофот во кој ќе играат тимовите од деветтото до 24-то место.
Секое место на табелата е важно во овој нов формат на Лигата на шампионите, пишува „Скај спорт“. Оние што ќе бидат од деветтото до 16-то место ќе бидат носители во плејофот, па ќе го играат реваншот дома. Според начинот на кој функционира Лигата на шампионите, пласманот на табелата дава специфичен пат и конкретни противници во ждрепката во нокаут-фазата. Првпат во историјата двојките во нокаут-рундите се решаваат според пласманот во лигашката фаза, без посебна ждрепка за осминафиналето, четврт-финалето и понатаму, пишува „Скај спорт“.
На пример, тимовите што ќе бидат први или втори во лигашката фаза ќе играат со тим што ќе биде од 15-то до 18-то место. Тимот на седмото или на осмото место би можел да игра со екипа на ќе биде на 23-то или 24-то место, но може да се соочи со тимот на деветтото или 10-то место. Предноста за тимот што ќе го освои првото или второто место по осмото коло е дека тие пласмани ќе им гарантираат играње со тим на средината на табелата во Лигата на шампионите, пишува „Скај спорт“. Во моментов, Ливерпул е на врвот на табелата, а тимовите што се од 15-то до 18-то место се Бенфика, Монако, Спортинг и Феенорд.
Има разлика и помеѓу пласманот на деветтото и на 24-то место и сето тоа е поврзано со плејофот, пишува „Скај спорт“. Новиот формат на Лигата на шампионите значи дека тимот што ќе биде на деветтото место ќе игра со тимот на 24-то место во плејофот. Десеттиот ќе игра со 23-от, 11-от ќе се сретне со 22-от итн. Според компјутерските пресметки на „Опта“, се верува дека 16 бода би биле доволни за пласман меѓу првите осум тима, 15 поени би можеле да бидат доволни за осмото место, со тоа што таа бројка на поени е доволна во 73 отсто од 50.000 симулации на „Опта“ за лигашката фаза, пишува „Скај спорт“. Плејофот е предвиден да се игра од 11 до 19 февруари в година, осминафиналето е од 4 до 12 март…
Табела по шест кола: Ливерпул 18 бода, Барселона 15, Арсенал, Баер, Астон вила, Интер, Брест и Лип по 13, Борусија Дортмунд, Баерн, Атлетико Мадрид и Милан по 12, Аталанта и Јувентус по 11, Бенфика, Монако, Спортинг, Феенорд и Клуб Бриж по 10, Реал Мадрид и Селтик по девет, Манчестер сити, ПСВ Ајндховен и Динамо Загреб по осум, Пари сен Жермен и Штутгарт по седум, Шахтер и Спарта по четири, Штурм, Џирона, Црвена звезда и Салцбург по три, Болоња два, Лајпциг, Слован и Јанг бојс се без бодови. Н.М.