Фото: „Нова Македонија“
  • Пет замени беа воведени во мај 2020 година пред фудбалот да продолжи да се игра за време на пандемијата на коронавирусот. Англиската Премиер-лига се врати на користење три замени во сезоната 2020/2021, пред пет измени да бидат трајно воведени од сезоната 2022/2023. Дополнителна замена е дозволена на играч со сомнителна повреда на главата

Европски клубови, вклучувајќи и некои тимови од англиската Премиер-лига, водеа дискусии за користење шест резервни фудбалери по натпревар во иднина за да се олесни работното оптоварување на играчите, пишува „Би-би-си“. Тие се состанале за време на генералното собрание на Европските фудбалски клубови (ЕФК), во Рим, минатата недела, кога официјално тоа не било на дневен ред, но клубовите имале неформални, приватни дискусии за користење состави со по 28 фудбалери, што би било зголемување од сегашните 25, и за можност за правење шест измени за време на натпреварите, пишува „Би-би-си“.
Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ), кој ги донесува правилата во фудбалската игра, прво ќе треба да препорача какви било промени, а не е јасно кога, ако воопшто, ќе се направат какви било промени, пишува „Би-би-си“.
Пет замени беа воведени во мај 2020 година пред фудбалот да продолжи да се игра за време на пандемијата на коронавирусот. Англиската Премиер-лига се врати на користење три замени во сезоната 2020/2021, пред пет измени да бидат трајно воведени од сезоната 2022/2023. Дополнителна замена е дозволена на играч со сомнителна повреда на главата.
Три дополнителни места во тимовите се сметаат за можност да се намали работното оптоварување на фудбалерите. Во јуни, Европската фудбалска унија (УЕФА), ЕФК, синдикатот на фудбалери ФИФПРО Европа и Европските фудбалски лиги воведоа студија за подобра процена на различните видови повреди, нивоата на перформанси и благосостојбата на играчите, пишува „Би-би-си“. Н.М.