Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс ќе играат во финалето на Лига Европа откако вечерва остварија победи во полуфиналните реванши на домашен терен, додека Рома ќе се соочи со Феенорд во првото финале на Конференциска лига на УЕФА.
Ајнтрахт повторно славеше над Вест хем, овој пат со 1-0, по триумфот од 2-1 во првиот меч. Гостите од Англија го завршија дуелот со 10 фудбалери на теренот по црвениот картон на Арон Кресвел во 16-та минута. Рафаел Боре го постигна единствениот гол во 26-та минута.
Глазгов Ренџерс со голот на Џон Лундстрам во 81-та минута го совлада Лајпциг со 3-1, со што ја надомести негативата од 0-1 од првиот дуел и спречи германско финале во Лига Европа.
Теми Ејбрахам во 11-та минута беше стрелец на одлучувачкиот погодок со кој Рома славеше над Лестер со 1-0, елиминирајќи го по ремито 1-1 на првата средба од полуфиналето на Конференциската лига. Феенорд остана непоразен во Марсеј 0-0 во второто полуфинале, со што ја одбрани предноста од 3-2 стекната пред своја публика.
Финалето на Лига Европа се игра на 18 мај во Севилја, а на Конференциската лига една недела подоцна во Тирана.