Џани Инфантино / Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – ФИФА

  • Најголема побарувачка има од САД, Канада, Мексико, Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и од Франција, објави ФИФА

Над еден милион билети веќе се продадени во 212 земји, по затворањето на фазата на продажба со извлекување, која почна во средината на септември, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Жителите на трите земји домаќини на планетарниот шампионат, САД, Канада и Мексико, по тој редослед, беа на чело на оваа листа, купувајќи повеќе билети од кој било друг, а Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција, според редослед на побарувачката, ги заокружуваат првите десет земји во однос на продажбата на билети, пишува ФИФА.
– Додека националните тимови низ целиот свет се натпреваруваат за место на историското Светско првенство во 2026 година, возбуден сум што толку многу навивачи што го сакаат фудбалот сакаат да бидат дел од овој настан. Денес ја славиме продажбата на повеќе од еден милион билети за Светското првенство. Тоа е неверојатен одѕив и прекрасен знак дека најголемото, најинклузивното Светско првенство во историјата ја освојува имагинацијата на навивачите насекаде – рече претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, пренесе ФИФА.
Следниот период за продажба на билети ќе почне на 27 октомври, ќе се отвори периодот за пријавување за рано извлекување билети, во кое ќе има поединечни билети за сите 104 натпревари на СП 2026, заедно со билети специфични за местото на одржување и за репрезентацијата, објави ФИФА.
Дополнително, официјална платформа за препродажба за квалификувани сопственици на билети е веќе достапна на интернет-страницата на ФИФА, а гледачите можат да купат и пакети за гостопримство за еден и за повеќе натпревари, кои вклучуваат билети за натпреварите. Н.М.