ФИФА И ЕЦА ПОТПИШАА НОВ МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ
Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската клупска асоцијација (ЕЦА) потпишаа обновен меморандум за разбирање помеѓу ФИФА и ЕЦА на 29-то генерално собрание на ЕЦА во Будимпешта (Унгарија), објави ФИФА.
Меморандумот вклучува обновена заложба на клубовите да се придржуваат до меѓународниот календар на натпревари, кој доби едногласно одобрение од Советот на ФИФА на 14 март годинава, до 2030 година, а ЕЦА ја потврди поддршката за новото клупско Светско првенство од 2025 година, со 12 европски клуба, ќе има и годишен натпревар помеѓу победникот на Лигата на шампионите на УЕФА и победникот на интерконтиненталниот плејоф и Светско клупско првенство за фудбалерки.
Програмата за клупски придобивки, која ги компензира сите клубови што ги ослободуваат играчите за настап на светските првенства за фудбалери, сега ќе се зголеми од 209 милиони долари за мундијалите во 2018 и во 2022 година на 355 милиони долари за турнирите во 2026 и во 2030 година. Н.М.