Пред возбудливото финале на ЕП 2025, најголемите имиња во женскиот фудбал се собраа во Базел за да истражат како да се надгради рекордниот турнир и да се крене женскиот фудбал на уште поголеми височини, а во центарот на дискусијата беа четирите долгорочни цели на шестгодишната стратегија на УЕФА за создавање одржлива иднина на фудбалот за жени. „До 2030 година, сакаме фудбалот да биде најигран тимски спорт од жените и девојките во секоја европска земја, најодржлив и најинвестирачки женски спорт, прославен по своите уникатни вредности, а Европа да биде дом на најдобрите светски играчи“, пишува УЕФА
ПО РЕКОРДНОТО ЕП
Европското првенство (ЕП) за фудбалерки што се одигра во Швајцарија е најпосетеното европско првенство за жени досега, со рекорден број гледачи, невиден ентузијазам и незаборавна акција, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). По рекордниот број продадени билети пред турнирот, побарувачката продолжи, со достигнување невидени бројки на посетеност во текот на нокаут-фазата, како, на пример, надминат беше претходниот рекорд на вкупна посетеност од 574.875 од ЕП 2022 за жени во Англија, имаше досега најпосетена четвртфинална фаза со 112.535 гледачи, мечот Франција – Германија со 34.128 гледачи е најпосетен четвртфинален натпревар на ЕП во кој не учествува земјата домаќин, приближно 35 отсто од билетите беа купени од меѓународни навивачи, меѓу вкупниот број сопственици на билети се претставени над 160 националности…, пишува УЕФА.
– ЕП 2025 означи голема пресвртница во еволуцијата на фудбалот за жени. Со рекордна посетеност, исклучителна медиумска покриеност и невиден глобален интерес, турнирот го привлече вниманието на светот. Успехот на турнирот, исто така, ја покажува нашата континуирана, значајна инвестиција во фудбалот за жени, одразувајќи ја нашата долгорочна посветеност на нејзиниот раст. Горди сме на извонредниот напредок, но ова е само почеток. Страста, енергијата и динамиката што се видоа во последните недели ќе помогнат женскиот фудбал да се движи кон уште поинклузивна и ветувачка иднина низ цела Европа и низ целиот свет – вели претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, пренесе Европската фудбалска унија.
Со над 65 партнери на УЕФА за емитување низ целиот свет, гледачите во повеќе од 165 земји се доближија до емоциите и атмосферата. ЕП 2025 е предвидено да биде најгледаното издание досега, со кумулативна публика во живо од над 400 милиони и кумулативна публика на сите програми од над 500 милиони, а се очекуваше глобална публика од над 45 милиони гледачи за финалето, пишува УЕФА. Понатаму, има над 500.000 нови следбеници на сите социјални медиуми на УЕФА, со следните пресвртници на следбеници постигнати за време на турнирот: два милиона на Фејсбук, 500.000 на Инстаграм… апликацијата и интернет-страницата на УЕФА за ЕП 2025 имаа повеќе од 12 милиони прегледи во нокаут-фазата, со што вкупниот број на прегледи од почетокот на турнирот достигна повеќе од 49 милиони.
Пред возбудливото финале на ЕП 2025, најголемите имиња во женскиот фудбал се собраа во Базел за да истражат како да се надгради рекордниот турнир и да се крене женскиот фудбал на уште поголеми височини, а во центарот на дискусијата беа четирите долгорочни цели на шестгодишната стратегија на УЕФА за создавање одржлива иднина за женскиот фудбал, пишува Европската фудбалска унија.
„До 2030 година, сакаме фудбалот да биде најигран тимски спорт од жените и девојките во секоја европска земја, најодржлив и најинвестирачки женски спорт, прославен по своите уникатни вредности, а Европа да биде дом на најдобрите светски играчи“, пишува УЕФА.
Финалниот форум на ЕП 2025 послужи како платформа за претворање на оваа амбиција во акција, при што присутните, вклучувајќи ги членовите на Извршниот комитет на УЕФА, претседателите и генералните секретари на националните асоцијации, раководителите на женскиот фудбал и претставници од врвните лиги и клубови во Европа, разменија најнови идеи, слушајќи свежи перспективи и дружејќи се со експерти од сите области на спортот.
– Нашата визија е јасна. Сакаме Европа да има повеќе професионални лиги, каде што фудбалот е кариера за илјадници, а не само за неколку многу елитни. Каде што сите наши 150.000 клуба од основно ниво ги имаат отворено своите врати и за момчиња и за девојчиња, каде што го водиме женскиот фудбал со агилност и визија, каде што ги негуваме нашата сопствена импресивна историја и култура – вели Надин Кеслер, директорка на УЕФА за женски фудбал, пренесе Европската фудбалска унија. Н.М.