Пред да го играме натпреварот против Грузија за да одиме на Европското првенство, се погледнавме за да кажеме, само ние можеме промениме нешто и да го израдуваме нашиот народ. Фудбалерите кои денес се тука ќе го направат отприлика истото, кажа најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев во интервју за „Газета дело спорт“, правејќи паралела помеѓу бараж-дуелите за Европското првенство и за Мундијалот.
Искусниот напаѓач како капитен ја предводеше Македонија во доигрувањето за пласман на Европското првенство во 2020 година, додека „црвено-жолтите“ сега ќе гостуваат кај Италија во утрешниот полуфинален дуел од баражот за Светското првенство во Катар.
Тој се осврна на отсутството на Илија Несторовски (игра за Удинезе, а претходно за Палермо) и Елиф Елмас (Наполи) кои настапуваат во италијанската Серија А, како и на можното неиграње на италијанските дефанзивци Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини.
– Многу ми е жал за Несторовски. Знам колку сакаше тогаш да биде во Палермо. Илија даде толку многу за Македонија. Со своето искуство и знаење за италијанските дефанзивци ќе ни пружеше помош. Елмас е можеби најсилниот наш играч, а добро ги познава и Италијанците. Ќе ни недостига – кажа Пандев.
Можното неиграње на Бонучи и Киелини, според Пандев, би можело да биде предност за Македонија.
– Бонучи и Киелини и заедно цел живот и се познаваат. Ако ги нема, ќе биде одлично. Тоа е предност за нас – истакна Пандев, додавајќи дека му се допаѓа како игра Алесандро Бастони за кој смета дека ќе има одлична кариера.
Пандев го прокоментира и второто полуфинале помеѓу Турција и Португалија, од кое победникот ќе се соочи со подобриот од дуелот Италија – Македонија во финалето на баражот за СП.
– Турција е добар тим, но мислам дека Португалија ќе помине, дури и ако има притисок врз нив, бидејќи тие се фаворити и играат дома – заклучува Пандев.