Интерконтиненталниот куп им дава шанса на шампионите на сите шест конфедерации да се натпреваруваат на глобалната сцена на годишно ниво, а обезбедува можност за развој и зајакнување на глобалните спортски ривалства пред новото клупско Светско првенство, кое ќе дебитира во 2025 година и ќе се одржува секои четири години, пишува ФИФА
ФУДБАЛ
Пачука (Мексико) ќе игра со Реал Мадрид (Шпанија) во финалето задутре на Интерконтиненталниот куп на Светската фудбалска федерација (ФИФА), во Катар. Пачука победи на пенали на дуелот со Ал Ахли (Египет) во Челинџер-купот на ФИФА, откако по 120 минути игра беше нерешено 0-0. Пачука е првак на Северна Америка, а во претходниот натпревар на овој турнир го победи освојувачот на трофејот во Копа либертадорес, клупскиот шампионат на Јужна Америка, Ботафого (Бразил), со 3-0. Европскиот првак Реал Мадрид директно се пласира во финалето на Интерконтиненталниот куп, новото натпреварување, кое ќе се игра секоја година со учество на актуелните шест континентални шампиони.
Интерконтиненталниот куп им дава шанса на шампионите на сите шест конфедерации да се натпреваруваат на глобалната сцена на годишно ниво, а обезбедува можност за развој и зајакнување на глобалните спортски ривалства пред новото клупско Светско првенство, кое ќе дебитира во 2025 година и ќе се одржува секои четири години, пишува ФИФА.
Во новиот формат, шампионите на Африка, Азија и на Океанија ќе го отворат турнирот, бидејќи ќе се натпреваруваат за Африканско-азиско-пацифичкиот куп, па, првиот натпревар е плејоф помеѓу победниците на Лигата на шампионите на Азија и на Лигата на шампионите на Океанија, при што домашниот тим секогаш се одредува според рејтингот на ФИФА на клубовите, пишува ФИФА. Вториот натпреварот е првиот натпревар на турнирот каде што се игра за трофеј, бидејќи победникот од натпреварот 1 се соочуваа со победникот на Лигата на шампионите на Африка за титулата на ФИФА во Африканско-азиско-пацифичкиот куп. Дербито на Америка на ФИФА е натпреварот број три, помеѓу актуелните шампиони на Северна и на Јужна Америка, на неутрален терен. Победникот се пласира во следната фаза, Челинџер-купот на ФИФА во кој ќе играат победникот од тој натпревар и шампионите на ФИФА Африканско-азиско-пацифичкиот куп. Двата тима играа за трофеј и за место во Интерконтиненталниот куп, пишува Светската фудбалска федерација.
Откако беше лансиран првпат како Светско клупско првенство на ФИФА во 2000 година, Интерконтиненталниот куп на ФИФА еволуира за да стане главен годишен турнир во глобалниот клупски фудбал, при што победниците од последниот натпревар се светски шампиони за следната календарска година, пишува ФИФА.
Првото издание на тогашното светско клупско првенство на ФИФА се одржа во Бразил и на него учествуваа осум екипи од шест конфедерации. Турнирот се одвиваше паралелно со Интерконтиненталниот куп, на кој се натпреваруваа шампионите на Јужна Америка и на Европа од 1960 година. Во октомври 2017 година, Советот на ФИФА го одобри предлогот со кој се признаваат сите европски и јужноамерикански тимови што го освоиле Интерконтиненталниот куп одигран помеѓу 1960 и 2004 година за клупски светски шампиони, пишува ФИФА. По пауза помеѓу 2001 и 2004 година, кога се играше Интерконтиненталниот куп, се врати во 2005 година како Светско клупско првенство на ФИФА и продолжи да расте, бидејќи најдобрите од најдобрите од секој континент се натпреваруваа на глобалната сцена. Во 2024 година турнирот влезе во нова фаза на еволуција со основањето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА, при што на победниците од секоја од шесте конфедерации им беше дадена шанса да се натпреваруваат на глобалната сцена на годишно ниво, пишува ФИФА. Н.М.