Се чини дека бројот 9 наскоро ќе исчезне среде потрагата по офанзивни играчи од средниот ред, крилни играчи и лажни деветки, а ако она што порано беше гламурозна позиција сега наликува на најслаба алка, делумно може да биде затоа што промената на приоритетите значеше дека премалку внимание е посветено на формирањето на следната генерација централни напаѓачи, пишува „Индепендент“
Репрезентациите на фудбалското Светско првенство во Катар, во повеќето случаи, можат да се поделат на оние што имаат напаѓач и оние без таков фудбалер, а не е толку едноставно како да се каже дека осумте четвртфиналисти ги имаат најдобрите централни напаѓачи, но постои тренд, пишува британски „Индепендент“. Данска со еден бод замина од СП 2023, но можеше да биде поинаку на тренерот доколку од 34 шута постигнеше повеќе од само еден гол, кој беше постигнат од централен бек, двата гола на Мексико вклучуваа и еден од напаѓач, кај Уругвај единствениот стрелец беше играчот од средниот ред…, Никлас Фулкруг, пак, се рангира меѓу суперрезервите и култните херои на турнирот, откако одигра само 66 минути на Светското првенство во Катар, Германија за тоа време постигна четири гола, а Фулкруг постигна два од нив. пишува, меѓу другото, „Индепендент“.
Се чини дека бројот 9 наскоро ќе исчезне среде потрагата по офанзивни играчи од средниот ред, крилни играчи и лажни деветки, пишува „Индепендент“. Селекциите можеби создаваат поинаков вид шанси. Ниту еден од играчите со најмногу удари не е конвенционален напаѓач. Ако она што порано беше гламурозна позиција сега наликува на најслаба алка, делумно може да биде затоа што промената на приоритетите значеше дека премалку внимание е посветено на формирањето на следната генерација централни напаѓачи, пишува „Индепендент“.
Еден од најефикасните напаѓачи на Светското првенство во Катар доаѓа од претходната генерација, Оливие Жиру, Хари Кејн постигна два гола, но неговите вештини како асистент ѝ донесоа корист на Англија, Холандија ги има и Мемфис Депај и Коди Гакпо, секој напаѓач од висока класа, ако не и класичен центарфор, Алваро Мората ја имаше таа улога во Шпанија, а беше стрелец како резервен фудбалер во нивните први два меча, не и на мечот со Мароко, во натпревар со еден шут кон противничкиот гол, за Португалија, напаѓачот што беше резерва, Гонсало Рамос, го покажа сопствениот потенцијал и покажува дека постои алтернативен број 9 на Кристијано Роналдо…, пишува „Индепендент“.