Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ – КУП НА НАЦИИ НА ОКЕАНИЈА

Пред почетокот на квалификациите на крајот на годинава во Океанија за пласман на Светското првенство (СП) во фудбал во 2026 година, Нов Зеланд испрати најава дека таа ќе биде репрезентацијата што треба да се победи, откако го победи Вануату во финалето на Купот на нации на Океанија и ја освои рекордната шеста титула, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА). Со оглед на тоа што изданието на континенталното првенство во 2020 година беше откажано поради пандемијата на ковид-19, ова беше првпат од 2016 година да се одржи Купот на нации, а Нов Зеланд ја одбрани титулата од 2016 година. Нов Зеланд ги доби сите четири натпревари на годинашниот Куп на нации, постигна 15 гола и не прими ниту еден, пишува ФИФА. Океанија првпат ќе има едно сигурно место на светско фудбалско првенство, а дополнително место е достапно преку Интерконтиненталниот плејоф, пишува ФИФА. Н.М.