Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ги рангира клубовите што моментално се натпреваруваат во 50. најдобри лиги во светот каде што фудбалерите што уште не наполниле 21 година одиграле највисок процент на минути во домашните првенства во претходните пет години. Данскиот Нордсјеланд е на врвот на листата со 44,7 проценти од минутите од играчите до 21 година, словачкиот тим Жилина (35,3 насто) и австрискиот тим Салцбург (35 проценти) го комплетираат подиумот, пишува ЦИЕС. Меѓу сегашните клубови од петте најголеми домашни првенства во Европа, Барселона (20,7 отсто) е на врвот, пред Стразбур (18,6) и Сандерленд (18,5), а во сите 50 анализирани шампионати, Нордсјеланд е и клубот што имал најголем број играчи под 21 година барем на еден натпревар (63), пред холандскиот Волендам (60), пишува ЦИЕС. Н.М.