ФУДБАЛ
Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, постигна 71 гол за Бразил и е веднаш зад Пеле, кој има 77 гола, но има 51 асистенција за националниот фудбалски тим во 21 век (на 116 натпревари), најмногу од сите во светот. Зад Нејмар е неговиот клупски колега Лионел Меси, кој забележал 47 асистенции во дресот на Аргентина (на 159 меча), а трет е Португалецот Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед, со 41 асистенција (на 185 натпревари).
Нејмар е водечки според асистенциите, но најдобар процент по натпревар има Белгиецот Кевин де Брујне од Манчестер сити, кој моментно има просек од 0,46 асистенции по натпревар, што е подобро од коефициентот на Бразилецот, 0,44.
Зад Нејмар, Меси и зад Роналдо меѓу првите 10 најдобри асистенти во светот во новиот милениум следуваат Месут Озил (Германија, 40 асистенции на 92 меча), Де Брујне (Белгија, 39/85), Еден Азар (Белгија, 34/115), Дејвид Бекам (Англија, 32/81), Дрис Мертенс (Белгија, 32/101), Сеск Фабрегас (Шпанија, 31/110), Весли Снајдер (Холандија, 31/134) итн.