Првиот меч е в сабота, а вториот два дена подоцна и двата на гости во Тбилиси
ФУДБАЛ
Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 19 години) ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Грузија на гостински терен во Тбилиси. Првиот меч е закажан в сабота, а два дена подоцна е вториот.
Селекторот на македонската репрезентација, Вујадин Станојковиќ, за овие дуели со Грузија се одлучи да повика 22 играчи, меѓу кои и интернационалците Матеј Гаштаров и Стефан Младеновски и двајцата од Црвена звезда (Србија), Адриан Неир од Арменија Билефилд (Германија) и Милот Синани од Арау (Швајцарија).
Список на повикани фудбалери: Голмани: Славе Вргов (Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички), Спаско Ахтаров (Брегалница). Одбрана: Нуман Ајетовиќ (Новаци), Габриел Крстевски (Пелистер), Анес Мелиќи (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Лука Атанасовски (Вардар), Адриан Незир (Арменија Билефилд, Германија), Андреј Велков (Брера). Среден ред: Дарко Сековски (Македонија Ѓ.П.), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија), Давид Ристовски (Брера), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Аљмир Подграѓа (Работнички), Кристијан Ѓорѓиевски (Македонија Ѓ.П.). Напад: Веби Ислами (Шкендија), Димитар Данев (Работнички), Адмир Љатифи (Македонија Ѓ.П.), Бранимир Иванов (Брегалница), Стефан Младеновски (Црвена звезда, Србија), Марко Николовски (Силекс). Г.И.