ФУДБАЛ

  • Вистината е дека да, нешто извонредно е да се биде во можност да се биде на светско првенство. Би сакал да бидам таму. Да се чувствувам добро и да бидам важен дел од помагањето на мојот национален тим, ако сум таму. И ќе го проценувам тоа секојдневно кога ќе ги почнам подготовките за идната сезона и ќе видам дали навистина можам да бидам 100 проценти подготвен, рече Меси во интервју за „НБЦ“, пренесе ИОК

Дали Лионел Меси ќе игра на Светското првенство во фудбал во 2026 година? Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ изјави дека се надева дека ќе ѝ помогне на Аргентина да ја одбрани светската титула на следното издание на четиригодишниот фудбалски турнир, ако е доволно подготвен за тоа, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
– Вистината е дека да, нешто извонредно е да се биде во можност да се биде на светско првенство. Би сакал да бидам таму. Да се чувствувам добро и да бидам важен дел од помагањето на мојот национален тим, ако сум таму. И ќе го проценувам тоа секојдневно кога ќе ги почнам подготовките за идната сезона со Интер и ќе видам дали навистина можам да бидам 100 проценти подготвен – рече Меси во интервју за „НБЦ, пренесе ИОК.
Светското првенство во фудбал в година ќе се одржи во Канада, Мексико и во САД. Доколку одлучи да се натпреварува, изданието во 2026 година ќе биде шестото светско првенство за Меси. Финалето на СП во Катар во 2022 година беше неговиот 26. меч на светско првенство, од кои 19 настапи се како капитен на Аргентина, пишува ИОК.
– Навистина сум нетрпелив, бидејќи тоа е светско првенство. По освојувањето на претходното светско првенство, спектакуларна е можноста повторно да го браниме на теренот – рече Меси, кој исто така ѝ помогна на Аргентина да го освои златото на Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година.
Меси, кој неодамна објави дека го продолжува договорот со Интер Мајами до 2028 година, постигна 29 гола и има 15 асистенции во 28 настапи во првенството на САД сезонава и е меѓу фаворитите за освојување на наградата за најкорисен фудбалер на лигата (МВП). Н.М.