По позиции, Рубен Диас има најголема проценета вредност на трансфер за централен бек, Џанлуиџи Донарума меѓу голманите, Трент Александар-Арнолд кај бековите, а Педри Гонзалес за играчи од средниот ред, пишува ЦИЕС

ФУДБАЛ – ЦИЕС

Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ги претстави најдобрите 100 фудбалери од целиот свет, според проценетата трансфер-вредност. Благодарение на тригодишното продолжување на договорот со Пари сен Жермен, Французинот Килијан Мбапе (206 милиони евра) се врати на врвот на листата, пишува ЦИЕС. На листата потоа се Бразилецот Винисиус Жуниор (185 милиони евра) од Реал Мадрид и новиот напаѓач на Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Холанд (153 милиони евра).
Португалецот Рубен Диас има најголема проценета вредност на трансфер за централен бек (110 милиони евра), Џанлуиџи Донарума (74 милиони евра) е на врвот на табелата за голмани, Трент Александар-Арнолд (87 милиони евра) за бекови и Педри Гонзалес (135 милиони евра) за играчи од средниот ред, пишува ЦИЕС. Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез (47., 70 милиони евра), има највисоко вреднување за фудбалерите надвор од најсилните пет лиги во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија). Кевин де Брујне (30 години, 57 милиони евра) е најстариот играч во врвните 100, а 17-годишниот Пабло Гави (58 милиони евра) е најмладиот.
Клубовите од англиската Премиер-лига доминираат на рангирањето со 41 претставник во врвните 100.