Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Килијан Мбапе првпат ја освои европската „златна копачка“, откако францускиот фудбалски репрезентативец сезонава постигна вкупно 31 првенствен гол за Реал Мадрид во неговата дебитантска сезона во првенството на Шпанија, што значи дека ја освои и наградата за најдобар стрелец во Ла лига, пишува „Би-би-си“.
Со двата гола во последниот натпревар на Реал Мадрид сезонава во првенството на Шпанија, Мбапе го обезбеди првото место на листата пред напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш (39 гола). Иако Ѓокереш постигна осум првенствени гола повеќе од Мбапе, тој е вицешампион затоа што системот за доделување поени одлучува за пласманот.
Така, головите постигнати од фудбалери што се натпреваруваат во најдобрите пет домашни првенства во Европа, во Англија, Шпанија, Франција, Германија и во Италија, вредат по два бода, головите во лигите рангирани од шестото до 22-то место на ранг-листата на Европската фудбалска унија (УЕФА), вклучувајќи ја и португалската фудбалска лига, вредат 1,5 бод, пишува „Би-би-си“.
Мбапе е само третиот фудбалер на Реал Мадрид што ја освоил наградата, по Уго Санчез (сезона 1989/90) и Кристијано Роналдо (2010/2011, 2013/2014 и 2014/2015). Н.М.


ПОБЕДНИЦИ ВО ПРЕТХОДНИТЕ 10 ГОДИНИ

ГОД. ФУДБАЛЕР ПОЕНИ
2016 Луис Суарез 80
2017 Лионел Меси 74
2018 Лионел Меси 68
2019 Лионел Меси 72
2020 Чиро Имобиле 72
2021 Роберт Левандовски 82
2022 Роберт Левандовски 70
2023 Ерлинг Холанд 72
2024 Хари Кејн 72
2025 Килијан Мбапе 62

НАЈМНОГУ ТРОФЕИ
Лионел Меси 6
Кристијано Роналдо 4
Еузебио 2
Герд Милер 2
Дуду Георгеску 2
Фернандо Гомеш 2
Марио Жардел 2
Тиери Анри 2
Диего Форлан 2
Луис Суарез 2
Роберт Левандовски 2