Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИФА

Македонската репрезентација е на 63. место на септемвриската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), објавена вчера. Црвено-жолтите на претходното рангирање, во јули годинава, беа на 62. место. На врвот на листата има промена, сега водечка е Шпанија, пред Франција, а досегашниот лидер Аргентина е на третото место. Шпанската репрезентација се врати на првата позиција по 11 години.
Првите 10 репрезентации на септемвриската листа ги комплетираат Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија. Рангирани се вкупно 210 селекции од целиот свет. Следната ранг-листа е предвидена за 23 октомври, пишува ФИФА. Н.М.