ФУДБАЛ
Во финалето на Лигата на нациите ќе играат фудбалски репрезентации што веќе еднаш го освојувале трофејот во тоа натпреварување, откако Португалија стана првиот финалист, по победата во полуфиналниот дуел со Германија, со 2-1, во Минхен. Таа во финалето на фајналфор-турнирот, в недела (од 21 часот), во Минхен ќе игра со победникот на синоќешниот втор полуфинален натпревар помеѓу Шпанија и Франција, во Штутгарт. Португалија славеше во првото издание на Лигата на нациите, во 2019 година, Франција победи во 2021 година, а Шпанија го освои трофејот во 2023 година. Натпреварот за третото место на годинашниот фајналфор-турнир ќе се игра, исто така, в недела (од 15 часот), во Штутгарт.