Килијан Мбапе му донесе победа на Пари Сен Жермен над Реал Мадрид од 1-0, со гол по индивидуална акција во самата завршница од првиот осминафинален меч од фудбалската Лига на шампионите.
Тоа беше 13-ти гол за францускиот напаѓач во последните исто толку настапи во престижното натпреварување. Мбапе беше најдобар играч на натпреварот против кралскиот клуб, каде што се очекува да направи трансфер налето, доколку не го продолжи договорот со ПСЖ.
Лионел Меси промаши пенал за ПСЖ во 62-та минута, откако претходно беше досуден прекршок врз Мбапе во шеснаесетникот на Реал.
Во вториот вечерашен осминафинален дуел Манчестер сити беше убедлив против Спортинг 5-0 на гостувањето во Лисабон. Реваншите се играат на 9 март.
Утре се среќаваат Интер – Ливерпул и Салцбург – Баерн (од 21 часот).