Реал Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) одиграно на „Вембли“ во Лондон, со што стигна до рекордниот 15-ти трофеј во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување. Стрелци за „кралевите“ беа Дани Карвахал во 74-та и Винисиус Жуниор во 84-та минута.
На овој начин Реал триумфираше во неговото деветто последователно финале на ЛШ. Борусија Дортмунд остана со еден трофеј во престижното натпреварување и две загубени финалиња.
Тренерот на шпанскиот клуб Карло Анчелоти, пак, го освои трофејот по петти пат (три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан).
Финалето во Лондон беше и проштално за двајца германски фудбалери – Тони Крос од Реал Мадрид и Марко Ројс од Борусија Дортмунд. Ѕвездата на „кралевите“ ја заврши клупската кариера како европски шампион, а за Ројс ова беше последен меч во „жолто-црниот“ дрес на германскиот клуб.