Фото: ЕПА

НАЦИОНАЛНА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА САД

  • Андоновски, кој освои две првенства на САД и кој двапати беше именуван за тренер на годината во лигата, сега го додаде и овој пехар во своето трофејно резиме, пишува Канзас сити карент на својата интернет-страница, откако Канзас сити стана најбрзиот клуб што ја освои таа титула во историјата на лигата, на пет кола пред крајот на регуларната сезона. Со тоа тимот обезбеди играње дома во плејофот

Канзас сити карент испиша историја со освојувањето на титулата во регуларниот дел од сезоната на Националната женска фудбалска лига (НВСЛ) на САД за 2025 година, со победата дома со 2-0 на натпреварот со Сиетл, пред полн стадион. Ова е прв ваков трофеј во историјата на клубот, кој му се доделува на клубот со најдобар резултат во текот на регуларната сезона. По 21 коло, тимот чиј тренер е македонскиот стручњак Влатко Андоновски има недостижна предност од 16 бода на врвот на табелата пред најблиските ривали, на пет кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Канзас сити, кој води постојано од шестото коло, стана клубот што најбрзо го освои тој трофеј во историјата на НВСЛ. Претходниот рекорд за најбрзо освојување на пехарот беше со четири преостанати кола од Сиетл во 2014 година, Северна Каролина во 2018 година и од Портланд во 2021 година. Канзас сити карент е непоразен во претходните 14 меча во регуларната сезона, постигна најмногу голови (40), прими најмалку погодоци (10), одигра 14 меча без примен гол…

Андоновски, кој освои две првенства на Националната женска фудбалска лига на САД и кој двапати беше именуван за тренер на годината во лигата, сега го додаде и овој пехар во своето трофејно резиме, пишува Канзас сити карент на својата интернет-страница.

Со обезбеденото прво место, Канзас сити ќе влезе во плејофот на НВСЛ годинава како прв носител и ќе биде домаќин на четвртфиналниот натпревар (против тимот на осмото место), покрај натпреварот од полуфиналето ако тимот се пласира понатаму, пишува Канза сити.

За Канзас сити карент тоа ќе биде трето учество во плејофот во НВСЛ на САД и прво како првопласиран тим. Клубот има место во плејофот во две последователни сезони, обете со Андоновски на чело, пишува Канзас сити. Н.М.