Фото: ЕПА

ПРВЕНСТВО НА САД ЗА ФУДБАЛЕРКИ

  • Тимот на тренерот Влатко Андоновски постави рекорди во една сезона за вкупен број бодови, победи, најмалку примени голови и мечеви без примен погодок, пишува АП

Канзас сити карент, чиј тренер е македонскиот стручњак Влатко Андоновски, со победа ја заокружи рекордната регуларна сезона, на натпреварот со Сан Диего, на свој терен, со 2-1, во 26. коло на првенството на САД за фудбалерки. Тимот постави рекорди во една сезона за вкупен број бодови (65), победи (21), најмалку примени голови (13) и одиграни мечеви без примен гол (16), пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Актуелната најкорсина фудбалерка (МВП) на лигата, Темва Чавинга од Канзас сити, е најдобар стрелец сезонава со 15 гола.
Како првопласиран по регуларниот дел од сезоната, Канзас сити ќе го почне плејофот дома со мечот од четврт-финалето, со осмиот тим на табелата, Готам. Од другите екипи, Луисвил првпат обезбеди место во плејофот и како седми носител ќе се сретне со вториот носител Вашингтон, на гости. Другите две четвртфинални двојки се Портланд – Сан Диего и Орландо – Сиетл. Сите мечеви од четврт-финалето се на програмата викендов. Н.М.