ПРВЕНСТВО НА САД ЗА ФУДБАЛЕРКИ

Канзас сити карент, чиј тренер е македонскиот стручњак Влатко Андоновски, обезбеди место во плејофот во првенството на САД за фудбалерки, со победата на дуелот дома со Вашингтон со 3-0. Петочната победа е осмата последователна победа на Канзас сити дома во сите натпреварувања и шестиот триумф во тој период, пишува клубот на својата интернет-страница.
– Тоа (пласманот во плејофот) е нешто што ме радува. Среќен сум поради тоа, играчите се среќни поради тоа, ние ќе уживаме. Како што секогаш велиме, ќе славиме и ќе уживаме, но ќе бидеме скромни во моментот – рече Андоновски, пренесе Канзас сити карент.
Тимот на Андоновски е во серија од три меча без примен гол, а досега сезонава Канзас сити е најефикасен во лигата. Вкупно 46-те гола во годинашното првенство се петти највисок вкупен број погодоци во историјата на лигата, пишува Канзас сити карент. До крајот на регуларниот дел на сезоната има уште пет кола, а досега пласман во плејофот, во кој ќе играат осум тима, обезбедија и Орландо, Вашингтон и Готам. Н.М.