Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Јутјуб склучи договор со Светската фудбалска федерација (ФИФА) за годинашното Светско првенство (СП), што им овозможува на емитувачите што ги имаат правата да ги емитуваат натпреварите во живо на видеоплатформата што нуди глобален пристап до младите гледачи, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
ФИФА објави „партнерство што го менува начинот на игра“ и ги охрабрува носителите на правата за Светското првенство да ги емитуваат првите 10 минути од натпреварите за време на турнирот од 11 јуни до 19 јули, што, пак, ги охрабрува младите гледачи потоа да гледаат на традиционални канали, пишува АП.
Дополнително, емитувачите „ќе можат да емитуваат одреден број целосни натпревари на својот јутјуб-канал, ангажирајќи ја глобалната публика и промовирајќи каде да се гледа повеќе од тоа натпреварување“, соопшти ФИФА, пренесе АП.
Светската фудбалска федерација исто така најави дека ќе сподели дел од својата архива на светските првенства на Јутјуб, „вклучувајќи и минати натпревари во целост и многу други иконски моменти во историјата на спортот“. Н.М.