Фото: Маја Јаневска-Илиева

ФУДБАЛ

Баер Леверкузен е третиот клуб што уште сега обезбеди настап во идната сезона во Лигата на шампионите, откако не може да биде послабопласиран од четвртото место во фудбалското првенство на Германија. Баер сега е втор со 63 бода, 17 бода повеќе од петтопласираниот Мајнц, на пет кола до крајот на сезоната во германската Бундеслига.
Претходно место во Лигата на шампионите за идната сезона обезбедија Баерн (Германија) и Пари сен Жермен (Франција), а сосема блиску е и Ливерпул (Англија). И идната сезона ќе има вкупно 36 тима во најсилното европско фудбалско клупско натпреварување. Засега е сигурно дека Англија ќе има пет тима, откако обезбеди дополнително место преку рангирањето на Европската фудбалска унија (УЕФА), по четири ќе има од Шпанија, Германија и од Италија…, кои се во трка за второто дополнително место. Н.М.